Ахмети: Да ги укинеме изборите - Албанците мора да бидат прашани за изборот на Претседател
Давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниедна влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме егзистенцијалните закани за нашата земја, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Во обраќањето првиот човек на интегративците повика на поддршка од гласачите и официјално објави дека актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, ќе биде нивниот кандидат за претседател на државата.
„Вашата доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да ѝ кажеме на Русија – оди си (…) Со Бујар ги почнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба за да го избереме претседателот во Собранието со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинствл за да ја оствариме нашата визија за консенсуален претседател“, рече Османи.
Ахмети ја нарече Русија поларна мечка, која ни тропа на вратата и веќе во сите пори е во нашето општетство дестабилизирајќи ги иституциите и влијаејќи на политичката сцена во земјата.
„Русија е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во цивилното општетсво, во нашето стопанство, нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството, и тоа не само кај нас туку и во нашиот регион. Рускиот претседател Путин, министерот за надворешни, Лавров, изјавија дека членството на Македонија во НАТО е пламена линија за Русија и се построија против нашето членство во Европската Унија. Сега сме сведоци на масивното малигно мешање за да ни се оневозможи продолжување на нашиот европски пат и враќање на повеќедецениската изолација, која ќе го дестабилизира нашето општество“, рече Ахмети.
Како што додаде, Македонија е мала земја и е крстопат на цивилизациите, со кревко мултикултурно и мултиетничко општество, уште цело неконсолидирано, елементи што се од интерес за Русија за да ги искористи на начин за да постигне домино-ефект во целиот регион и да го дестабилизира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа