Ахмети бара претседател и заменик претседател на државата да се избира во Собранието

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во помпезно најавуваното „обраќање на нацијата“ побара поддршка за нивното барање за уставни измени Македонија да добие претседател, но и заменик претседател кои ќе се избираат во Собранието.

-Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставн измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа, рече Ахмети.

22.02.2024 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега