Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука, миграцијата е големо прашање, огромна тема во САД во моментов. И ние водиме такви разговори со многу држави, тоа е нормално, значи само постоењето на разговор не значи дека има политика. И секако не можам да зборувам за разговори што ги водело Обединетото Кралство, но претпоставувам и знам дека тие како и ние водат разговори со секакви држави.

Ова го истакна амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер која вчера беше гостинка во дневникот на Сител.

-Ова е тама со која државите се борат. Затоа, секако, разговарате со пријателите и сојузниците и партнерите како заедно се справуваме со ова. Повторно, она што не мислам дека е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Не мислам дека тоа е продуктивно. Мислам дека сериозни разговори, сериозни и продуктивни разговори треба да се водат за ова прашање кое е важно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема, рече амбасадорката.

Exit mobile version