Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска ќе го означат почетокот со работа на новата канцеларија за административни услуги – „Центар за услуги – ЕТУ Гази Баба“.
Како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, по повод отворањето се предвидени изјави за медиумите на Андоновски и Стефковски.

