Администрацијата на Трамп го тужи Гугл

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп го тужи американскиот технолошки гигант Гугл.

Администрацијата го обвинува Гугл дека ја соборувала конкуренцијата за да се избори за водечка позиција на онлајн пазарот.

Станува збор за најголема тужба против Гугл во последните 20 години, пренесува Си-Ен-Ен.

На тужбата на администрацијата на Трамп ѝ се придружиле уште 11 американски сојузни држави – Арканзас, Флорида, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Мисури, Монтана, Јужна Каролина и Тексас.

Гугл се терети дека низ неколку акции им наштетил на конкурентите и спречил да дојдат до значен број онлајн корисници.

Во тужбата, меѓу другото, се наведува Гугл годишно плаќа млијарда долари за производство на електронски уреди, како што се Епл, ЛГ, Моторола и Самсунг за да ја спречи конкуренцијата да ја преземе првата позиција на пребарувачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега