Close Menu
Press24
    Најново

    До сите Македонци во ОАЕ: МНР организира чартер летови за евакуација

    03.03.2026 во 20:51

    Притвор за сопругот на Ивана: Се сомничи за наведување на самоубиство и други кривични дела

    03.03.2026 во 20:31

    Тешка сообраќајка попладнево: Загина возач – со бмв излетал од патот

    03.03.2026 во 20:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • До сите Македонци во ОАЕ: МНР организира чартер летови за евакуација
    • Притвор за сопругот на Ивана: Се сомничи за наведување на самоубиство и други кривични дела
    • Тешка сообраќајка попладнево: Загина возач – со бмв излетал од патот
    • ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија
    • Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран
    • Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран
    • Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија
    • Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аца Лукас настапувал без дозвола, локалот казнет – МВР со детали за апсењето

    Аца Лукас настапувал без дозвола, локалот казнет – МВР со детали за апсењето

    22.11.2025 во 14:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    – Утрово во во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола, соопштија од СВР Велес. 

    Против А.В била поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна.

    – При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,  појаснија од СВР Велес.

    Оттаму дополнуваат дека Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.