Абазовиќ: Сака да ме смени градежна фирма која шверцува цигари во Црна Гора

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ кажа дека постои иницијатива за негово разрешување, а зад неа стои градежната фирма „Бемакс“, која ја обвини дека шверцува цигари.

Абазовиќ кажа дека компанијата, која претходно била поврзана со членови на ДПС на Мило Ѓукановиќ во мај се обиделе да шверцува цигари во Бар.

„Најголем дел од стоката на пристаништето е на Бемакс или лица поврзани со неа. Од таму им се финансираат сите медиумски кампањи и тогаш почна војната со премиерот“, кажа Абазовиќ.

19.08.2022 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега