Абазовиќ: Мојата безбедност е загрозена

 

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на обвинителите во Специјалното државно обвинителство на таа земја им дал изјава за шверц на цигари во Црна Гора, шема на поврзани лица и фирми. Како што изјавил пред новинарите, со уништувањето на шверцот со цигари се уништуваат и пирамидата на шверц на кокаин и влијанието на одредени структури во Црна Гора. Абазовиќ рекол и дека спомнал конкретни имиња.

„Морав да го покажам патоказот на шверцот со цигари во Црна Гора. Зборував за оперативни податоци и очекувам СДТ да истражи и да утврди дали тоа е вистина или не. Мојата теза останува – со уништувањето на шверцот со цигари се уништуваат и пирамидата на шверц на кокаин и влијанието на одредени политички структури за заштита на криминалците во Црна Гора. Ова е продолжен процес. Останува да видиме што можеме да направиме, на обвинителите им требаат повеќе информации, известувања. Почна мала грутка, а треба да почне лавина, која ќе биде многу добра за Црна Гора“, изјавил Абазовиќ.

„Секако дека зборував за конкретни имиња, сега го проширив списокот, не би кажал сега јавно што се, не се непознати имиња. Зборував и за имиња на фирми и поединци. Ја објаснував шемата и моето знаење кое го имав стекнато кога ја презедов функцијата вицепремиер, потоа почна приказната за сузбивање на шверцот со цигари. Оставив одредена документација, им дадов насоки, наведов неколку конкретни примери, кои укажуваат на тоа. Дадов пример кој е поврзан и со претходниот СДТ, па нека истражат“, посочил Абазовиќ.

Тој додал дека е загрозена и неговата безбедност.

„Лично мислам дека мојата безбедност е загрозена откога ја почнав мојата последна работа. Нема да се правам жртва, не ми треба посебна заштита, не се плашам од никого“, изјавил Абазовиќ.

05.09.2022 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега