Абази за атер на мајка му се фотографирал со Бејта, а сликата со братот на Ахмети била од свадба

 

Новоизбраниот Обвинител за гонење на организирал криминал и корупција, Ислам Абази во изјава за СДК.МК“ кажа дека случајно се сретнал со Невзат Бејта од ДУИ на планински врв кој го искачувале одвоено.

„Јас сакам да планинарам. Тоа ми е хоби, исто како и ловот. Се сретнувам со многу луѓе. Со Бејта таму сме се нашле случајно. Мојата мајка е од Гостивар и се знае со господинот Бејта, па за нејзин атера се сликав, но нема ништо повеќе од тоа“, кажа тој.

Исто така, Абази кажа дека фотографијата со братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, била од свадба каде што се сретнале.

16.11.2022 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега