Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АА: За 2 дена 12 тетовски деца во болница – 139 побарале лекарска помош

    АА: За 2 дена 12 тетовски деца во болница – 139 побарале лекарска помош

    29.08.2026 во 14:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Алијансата за Албанците реагираше по информациите дека во изминатите 48 часа на педијатрија во Тетово биле прегледани 139 деца, а 12 од нив биле задржани на болничко лекување.

    Од партијата бараат одговорност од надлежните институции и прашуваат каде се министрите во момент кога, како што велат, здравствениот систем во Тетово се соочува со зголемен број заболени деца.

    „139 деца за 48 часа, 12 хоспитализирани. Каде се сега министрите?“, прашуваат од Алијансата, оценувајќи дека состојбата бара итна реакција и јасни информации за причините за зголемениот број пациенти.

    Од партијата бараат Министерството за здравство и другите надлежни институции да соопштат дали е утврдена причината за симптомите кај децата и дали се преземаат дополнителни мерки за спречување на евентуално ширење на инфекција.

    Алијансата посочува дека родителите имаат право навреме да бидат информирани за состојбата и за ризиците, особено кога станува збор за здравјето на најмладите.

    Од партијата бараат и одговор дали Клиничката болница во Тетово располага со доволно персонал, лекови и капацитети за справување со зголемениот број пациенти.

    Реакцијата следува откако беше објавено дека речиси 140 деца побарале медицинска помош на педијатрија во Тетово во период од два дена, а 12 биле хоспитализирани. Докторите велат дека станува збор за сезонски вируси и бактерии и дека бројките не се изненадување. Се препорачува поголемо внимание околу хигиената.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.