Close Menu
    Најново

    Тошковски: Камерите на Сејф Сити ќе имаат исти отстапки кои се применуваат кај полициските редари

    24.12.2025 во 20:33

    Анкета: Русите очекуваат крај на војната во Украина во 2026 година

    24.12.2025 во 20:22

    Германија воведува нова задолжителна воена служба

    24.12.2025 во 20:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тошковски: Камерите на Сејф Сити ќе имаат исти отстапки кои се применуваат кај полициските редари
    • Анкета: Русите очекуваат крај на војната во Украина во 2026 година
    • Германија воведува нова задолжителна воена служба
    • Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот
    • Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен ветер и температури до -10 степени
    • Четврти Божиќ во војна: Зеленски со емотивна порака до Украинците
    • Зошто е Папата буден и што прави во 3 часот наутро?
    • Мерц ја нагласи одговорноста на Германија кон Европа во божиќното обраќање
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер

    Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер

    07.10.2025 во 12:42
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер  и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?, праша на денешната прес-конеренција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира, рече Петрушевски.

    „Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер? И дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во Македонија?

    Дали ова е дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДС сега и во иднини? Логистички, финансиски и во секоја смисла?

    Дали тој поранешен премиер на Бугарија со кој Заев е во контакт стои зад кампањата на СДС?“, прашува Петрушевски.

    Петрушевски нагласи дека Венко Филипче е алатка во планот на Заев.

    „Неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на планот на Зоран Заев за потчинување на државата во однос на Бугарија.

    И Венко Филипче и Зоран Заев се фатени на дело. Се е јавно и јасно. Планот нема да им успее, народот ќе го казни на избори“, истакна Петрушевски.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    24.12.2025 во 11:59

    Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, децата ми трпеа за нешто за што не се виновни

    24.12.2025 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.