Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Улични кучиња сеат страв во Кисела Вода – Чопор се пуштал по минувачи, во близина школо и градинки
    • Трамп по смртта на Доли Партон: „Знамињата една недела на половина копје, никој нема да биде како неа”
    • ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба
    • Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари
    • СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ
    • Ќе нема вода поради уличен дефект – Водовод информира на кои места во Скопје
    • Опасностите од интернет за децата во фокусот на „Disrupting Harm“
    • УХМР издаде метео аларм – Силно невреме доаѓа кон Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски најави инвестициски бум во Бутел: Мега парк, кружен тек, нови улици

    Ѓорѓиевски најави инвестициски бум во Бутел: Мега парк, кружен тек, нови улици

    07.10.2025 во 11:422 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Орце Ѓорѓиевски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк.

    „Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до 2030 година“ изјави Ѓорѓиевски.

    Паралелно со тоа, ќе следи и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, вклучувајќи нов асфалт, пешачки патеки, осветлување и атмосферска канализација за решавање на долгогодишниот проблем со поплави.

    Планирано е и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со што ќе се намали метежот и ќе се подобри пристапот кон Бутел.

    Меѓу пошироките проекти се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, а на урбанистички план, Бутел ќе добие и нов модерен мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со зелени површини, детски и спортски содржини.

    Ѓорѓиевски најави и ревитализација на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

    „Овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните“ порача тој.

    Прочитај повеќе

    Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    26.08.2026 во 09:29

    СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ

    26.08.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.