Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје добива градска железница: Завршени 65 отсто од првата траса од Зелениково до Транспортен центар

    05.04.2026 во 11:25

    Католиците во Македонија го слават Велигден

    05.04.2026 во 11:07

    Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје: Се одржуваат две спортски трки

    05.04.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје добива градска железница: Завршени 65 отсто од првата траса од Зелениково до Транспортен центар
    • Католиците во Македонија го слават Велигден
    • Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје: Се одржуваат две спортски трки
    • Спречена саботажа на „Турски тек“: Вучиќ објави дека е пронајден разорен експлозив на границата со Унгарија
    • Судот му ја одзел дозволата, тој продолжил да вози, па тешко повредил 10-годишно дете
    • Едниот му го чистел патот, другиот превезувал 65 кила марихуана: Детали за вчерашната акција кај Градско
    • Внимание возачи: Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки
    • Насилство во установа во Центар: Скопјанка пријави физички напад од колега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Австриска поддршка за реформите и европскиот пат на Македонија

    Австриска поддршка за реформите и европскиот пат на Македонија

    06.10.2025 во 11:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на нашата земја.

    Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот.

    На средбата беше потврдена и континуираната поддршка на Австрија за проширувањето на Европската унија и нејзината важна улога во поттикнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

    Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, при што изразија подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка.

    Популарно

    Скопје добива градска железница: Завршени 65 отсто од првата траса од Зелениково до Транспортен центар

    05.04.2026 во 11:25

    Католиците во Македонија го слават Велигден

    05.04.2026 во 11:07

    Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје: Се одржуваат две спортски трки

    05.04.2026 во 11:04

    Спречена саботажа на „Турски тек“: Вучиќ објави дека е пронајден разорен експлозив на границата со Унгарија

    05.04.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.