Close Menu
    Најново

    Две жени истепале маж кој им работел во дворот

    17.11.2025 во 23:53

    Само во Белгија: Баба дрво пијана ја возела својата внука – остана без возачка

    17.11.2025 во 23:38

    Уапсени три лица – полицијата им најде дрога

    17.11.2025 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Две жени истепале маж кој им работел во дворот
    • Само во Белгија: Баба дрво пијана ја возела својата внука – остана без возачка
    • Уапсени три лица – полицијата им најде дрога
    • Хорор во Нигерија: Од интернат киднапирани 25 девојчиња
    • Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
    • ФСБ спречи обид за атентат врз висок руски функционер со експлозија скриена во вазна со цвеќе
    • Со возило се обидел да удри полицајци
    • Палестинци платиле 2.000 долари за да избегаат од Газа – Јужна Африка отвора истрага
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » КАМ одбележува 30 години јубилеј – успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет

    КАМ одбележува 30 години јубилеј – успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет

    03.10.2025 во 22:21Updated:03.10.2025 во 22:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    КАМ, македонскиот број еден, годинава одбележува три децении јубилеј и влегува во ново поглавје од својата успешна македонска приказна заснована на квалитет и доверба. Пионер во многу сегменти во полето на малопродажбата, компанијата е позната по грижата за секој потрошувач и по тоа што ги донесе ниските цени на пазарот.

    – Годишнината не е само празнување на минатото, туку и ветување за иднината. Три децении сме покрај нашите потрошувачи и заедно ја пишуваме оваа успешна приказна. Нивната доверба е нашата најголема награда и нашата најголема одговорност. Затоа и во иднина ќе останеме посветени на истата мисија – редовно ниски цени, висок квалитет и грижа за секој купувач – посочуваат од менаџерскиот тим на КАМ.

    Патувањето на КАМ започнува во 1995 година со отворањето на првата продавница „Камфуд“. Во 1999 година се отвораат вратите и на првиот хард-дисконт маркет под името КАМ – момент што означува нова филозофија на купување во Македонија: висок квалитет по ниски цени достапен за секого. Со годините, КАМ носи многу новитети: првата приватна марка „Алпико“ во 2003, првите маркети во Бугарија во 2016, почнување со работа во Косово во 2016 и отворање на сопствениот логистички центар во 2021.

    Денес, мрежата на КАМ брои 86 маркети во Македонија и 26 во Бугарија. Компанијата континуирано работи на освежување и проширување на асортиманот, а денес понудата опфаќа повеќе од 1.700 производи, од кои над 600 се приватни трговски марки. КАМ и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири во земјава со повеќе од 1500 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.

    Исто така учествува во општествено одговорни иницијативи од областа на култура, спорт, едукација и екологија. КАМ осум години по ред е маркет број еден во Македонија според потрошувачите. Носител е на признанија „Best Buy“ за најдобар сооднос цена–квалитет и „Qudal“ за апсолутен квалитет. Но, најголемото признание е довербата и лојалноста на купувачите. Во текот на сите овие години, КАМ не е само место за купување.

    Компанијата континуирано ја поддржува македонската економија, соработува со повеќе од 160 локални производители, а на македонскиот пазар само во 2024 година пласира домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Додека, над 4,5 милиони евра е извозот што истата година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и Косово. Вложувањето во модерна инфраструктура и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.

    Новото истражување на агенцијата „Инсајдер ИД“ го потврдува тоа што граѓаните одамна го знаат: КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд формиран по осамостојувањето на државата (со доминантен домашен сопственик) и компанија на која потрошувачите најмногу ѝ веруваат. Овој јубилеј е, пред сè, потврда на таа доверба и на трајната врска помеѓу брендот и потрошувачите. Во октомври и ноември се планирани голем број активности кои ќе бидат вистинско изненадување за граѓаните. Ќе се реализира голема наградна игра со вкупен фонд од над 3.000.000 денари и се разбира голем број промоции и попусти.

    Планирана е голема забава отворена за сите граѓани, по повод отворањето на нов маркет во Кисела Вода, кога и ќе биде најавен новиот Retail Park како дел од идните планови за развој. КАМ не одбележува само јубилеј туку и влез на компанијата во ново поглавје, но со иста мисија – висок квалитет по редовно ниски цени и грижа за секој потрошувач.

    Популарно

    Две жени истепале маж кој им работел во дворот

    17.11.2025 во 23:53

    ФСБ спречи обид за атентат врз висок руски функционер со експлозија скриена во вазна со цвеќе

    17.11.2025 во 22:36

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29

    Со возило се обидел да удри полицајци

    17.11.2025 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.