Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени контроли на МВР: Казнети 965 возачи на електрични тротинети
    • Со полициско возило и без дозвола: Полицијата сопрела 17-годишник на булеварот „Илинден“
    • Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување камен-темелник за автопатот Скопје-Блаце
    • Физички нападнале 23-годишна девојка: Кривична за двајца тинејџери од тетовско Брвеница
    • Подгответе за гужви во Скопје: Утре доаѓа косовскиот премиер
    • МЗШВ: Исплатени 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози
    • Агресивно се однесувала и ѝ се заканувала на 18-годишната ќерка: Полицијата приведе 53-годишна жена од липковско
    • Бугарската претседателка е заглавена во минатиот век – нема да навлегувам во дискусија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шејн: Не се фалиме, факт е дека сме подобри од ВМРО-ДПМНЕ

    Шејн: Не се фалиме, факт е дека сме подобри од ВМРО-ДПМНЕ

    03.10.2025 во 21:564 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за Градоначалник на општина Охрид од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Асен Шајн, на вечерашната граѓанска трибина на која присуствуваше и лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека реалноста во Охрид е далеку од сликата која оваа општина ја заслужува и дека е време за промени и вистински проекти.  

    „Граѓаните се разочарани… и со право. Многу се ветува, а ништо не се исполнува. Комуналниот развој е запоставен, градот е нечист, нема проекти, нема никаков развој. Младите заминуваат, економијата стагнира, а граѓаните живеат од денес за утре.  Туризмот, кој треба да биде носечки столб на еден ваков туристички бисер, е сведен на неколку месеци хаос, а остатокот од годината живееме со истите и нерешени проблеми“, истакна Шајн.

    Тој додаде дека Охрид станал лична своина на градежни инвеститори, кои со амин на локалната власт, на охриѓани приредија страшна урбана девастација.

    „Штетата зазема непоправливи размери, ги загрозува природните и културните богатства и комплетно ја уништува околината. Дишеме загаден воздух, нема каде да паркираме, а јавните површини се уништени.  Се навикнавме на сето она што не треба да биде нормално, нагласи кандидатот за градоначалник Шајн.

    На граѓанската трибина на СДСМ во Охрид, д-р Шајн истакна дека нема да зборува за минатото,  туку за иднината, бидејќи заедно со кандидатите за советници има реални идеи, нов концепт и конкретен план.

    „Урбанистичкото планирање ќе има нова димензија, ќе воведеме нови еколошки практики, а на крајбрежјето на Охридското Езеро, уредување, согласно препораките на УНЕСКО. Културата и спортот ќе добијат нова енергија, а туризмот ќе го градиме на одржливи темели, со грижа кон природата, историјата и локалните потреби“, истакна Шајн.

    Шајн нагласи дека инфраструктурата е негов приоритет и дека ќе води општина која нема да заборави никого.

    „Секоја улица, секое мало, секое населено место ќе го добие потребното внимание. Ќе го слушаме гласот на месните и урбаните заедници, тие ќе бидат наш вистински партнер и сојузник во работата. Одлуките ќе се носат со народот, а не без него! “, рече Шајн, додавајќи дека СДСМ е партија што досега покажала дека знае да инвестира во капитални проекти и трајни вредности.

    Тој напомена дека “време е да го вратиме Охрид, на охриѓани“ и дека нема да бидат заборавени ниту социјалните семејства, пензионерите, лицата со попреченост, а за учениците вети дека ќе се учат во модерни училници.

    „Нашите ученици ќе се образуваат во модерни училници, а дечињата ќе добијат услови за згрижување по сите стандарди. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина тука, го своето родно место“.

    Доктор Шајн за себе рече дека не е човек со долго политичко минато, туку човек кој цел живот е меѓу луѓето и работи за нивното добро.

     „Сум слушал и сум учел од сите вас. Знам како живеете. Знам со какви предизвици се соочувате. И токму затоа денес стојам овде, со чист образ и искрена намера, да ја побарам вашата доверба. Не за мене! Туку за една поинаква иднина за Охрид и новите генерации“, порача Шајн.  

    Кандидатот за Градоначалник на општина Охрид, д-р Шајн, увери  дека тој и кандидатите за советници имаат капацитет и дека ќе работат чесно, домаќински, транспарентно и пред се, човечки, повикувајќи ги граѓаните на 19-ти октомври да ја дадат поддршката за него.

    „Тоа не се фалби, тоа се факти. Ќе продолжиме по тој пат, со истрајност, со посветеност, со работа. Ќе покажеме дека само со СДСМ, Охрид може да оди напред, со силна визија и видливи проекти. Ја барам вашата шанса, не за политички поени. Туку за промена што ќе ја чувствувате сите. Промена што ќе донесе подобар живот за вас, за вашите деца, за секое семејство. Доста е за празни ветувања и комерцијални настани“, порача д-р Шајн на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, „Се бориме за нашиот дом“, во Охрид.

    Прочитај повеќе

    Бугарската претседателка е заглавена во минатиот век – нема да навлегувам во дискусија

    25.08.2026 во 15:55

    Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата

    25.08.2026 во 15:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.