Close Menu
    Најново

    САД во политички ќорсокак: Прекин на работата на владата втор ден

    03.10.2025 во 23:14

    Аеродромот во Прага под полициска опсада: Закана за пристигнување на дронови

    03.10.2025 во 23:11

    Принцот Вилијам и Кејт се строги родители: Децата им немаат фатено мобилни телефони

    03.10.2025 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • САД во политички ќорсокак: Прекин на работата на владата втор ден
    • Аеродромот во Прага под полициска опсада: Закана за пристигнување на дронови
    • Принцот Вилијам и Кејт се строги родители: Децата им немаат фатено мобилни телефони
    • Масовна акција во Црна Гора: Паднаа полицајци и обвинители
    • КАМ одбележува 30 години јубилеј – успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет
    • Кочан ладно време доаѓа во Македонија: Облекувајте се топло на минусните температури
    • Шејн: Не се фалиме, факт е дека сме подобри од ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

    Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

    03.10.2025 во 21:54
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДСМ на овие избори настапуваат со слоганот „се бориме за нашиот дом“. И сè е тоа фино, ама забораваат дека пред година и три месеци тие управуваа со домот. И она што го затекнавме не беа нарушени, туку уништени темели. Кога ќе се сетам дека првите одлуки кои ги донесов како премиер беа да враќаме плати кои тие не ги исплатиле и дека делевме субвенции кои тие со години не ги исплаќаа. Секој ден во Владата ми доаѓаше по некој кој сведочеше за рушвет, тоа трае и денес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.

    „Се сеќавате дека 500 илјади наши сограѓани, поточно секој трет човек во државата живееше со 150 денари на ден. Дека имаше двоцифрена инфлација, дека го руинираа животниот стандард на чие кревање напорно и постепено работиме. А ДУИ беа господарите кои одлучуваа за целата економија, за тендерите, купуваа трговски центри, бензински пумпи, скапи деловни простории и што уште не. Се сеќавате ли на играњето фудбалчиња во канцеларии“, кажа Мицкоски.

    Мицкоски укажа дека тоа време на народот не му носи ништо добро.

    „Го слушам Филипче како се потсмева на тоа што на пензионерите им се зголемуваат пензиите за 1000 денари, а намерно пропушта да каже дека за година и пол пензиите се зголемуваат за цели 5000 денари, што покажува дека има разлика со времето кога тие наместо да даваат земаа од пензионерите. Јас и сфаќам дека 5000 денари не се големи пари за Филипче кој е научен на јахти, згради и веселби во Дубаи, но ние го испорачавме тоа што го ветивме“, укажа Мицкоски.

    Мицкоски се осврна на однесувањето на Али Ахмети и раководството на ДУИ во текот на оваа локална кампања.

    „Што се однесува до Ахмети, тажна е сликата како се присеќа и дели некакви историски лекции, додека неговиот народ се иселува поради неговото криминално владеење. Човекот води избори за локални избори, а не пропушта да спомне историска лекција. Но, додека беше во владата не заборави своето семејно портфолио да го зголеми со еден убав трговски центар во центарот на главниот град, неговите соработници да купуваат скапи деловни простории. Но, затоа не кажува ни еден збор што ќе направи да ги задржи Албанците во своите родни места, но него не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта. Сакам да му порачам дека овие лекции се научени и се минато, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, а младите што се селеа поради таквите како него да се вратат во државава“, заклучи Мицкоски.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    И ова е можно: Затвореник пуштен на седумчасовно отсуство од затвор фатен како превезува 392 таблети бупренорфин во кумановско

    03.10.2025 во 14:47

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни

    02.10.2025 во 22:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.