Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Владата доцна ги прифаќа мерките на СДСМ

    04.04.2026 во 14:34

    Краток прекин на струја во ЈЗУ Клиниката за ГАК: Ниту еден живот не беше загрозен

    04.04.2026 во 13:51

    Променливо време со локални врнежи и силен ветер

    04.04.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Владата доцна ги прифаќа мерките на СДСМ
    • Краток прекин на струја во ЈЗУ Клиниката за ГАК: Ниту еден живот не беше загрозен
    • Променливо време со локални врнежи и силен ветер
    • Министерка Јаневска: Сите забелешки на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид
    • Јаневска обелодени: Институт регистриран во кладилница штанцал дипломи
    • Мицкоски очекува инфлација од 4 до 5 проценти: Мора да се подготвиме за тешка година
    • Петрушевски: СДС и ДУИ за лични интереси го дадоа просторот на ШИК Јелак во Тетово на фирмата „Јелак Градба“
    • Мицкоски: Исполнети се условите за намалување на акцизата за горива
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Да ја сопреме неправдата која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче: Да ја сопреме неправдата која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ

    03.10.2025 во 20:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Струга, укажа дека овие локални избори не се обични, туку дека е момент за силен СДСМ, кој ќе биде силен противник на ВМРО-ДПМНЕ. 

    „Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати Македонија на граѓаните”, им порача д-р Филипче на присутните. 

    Тој додаде дека без нив нема СДСМ и нема иднина за правдата, еднаквоста и слободата. 

    „За успех во оваа борба нашата задача е јасна: да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата. Вие, најверните поддржувачи, сте моторот на тоа враќање”, порача д-р Филипче. 

    Филипче нагласи дека поддршката за СДСМ значи дека Македонија ќе продолжи да се развива чесно, со грижа за сите граѓани. 

    „СДСМ не е само партија – ние сме движење за слобода, правда и еднаквост. Сега, кога државата е загрозена од ВМРО-ДПМНЕ, вашата енергија и вашиот глас се поважни од кога било“, истакна д-р Филипче.

    Тој ја истакна и кандидатската листа на СДСМ во Струга, предводена од Димче Шипинкаровски, која ќе покаже дека политиката може да биде чесна работа, посветена на граѓаните и солидарноста.

    „Важно е да се избориме за максимален број советници во Советот на Струга. Само така ќе бидеме силни, со планови и проекти за развој и подобар живот за сите граѓани“, нагласи д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата под слоганот „Се бориме за нашиот дом”, која вечерва се одржа во Струга.

    Популарно

    Филипче: Владата доцна ги прифаќа мерките на СДСМ

    04.04.2026 во 14:34

    Краток прекин на струја во ЈЗУ Клиниката за ГАК: Ниту еден живот не беше загрозен

    04.04.2026 во 13:51

    Променливо време со локални врнежи и силен ветер

    04.04.2026 во 13:02

    Министерка Јаневска: Сите забелешки на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид

    04.04.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.