Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија со кои се создаваат дополнителни можности за нивно економско осамостојување, образование и решавање на станбеното прашање, изјави Борис Шамбевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека минатата година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите лица, преку Програмата за самовработување со грант, во рамки на која беа отворени скоро 2.200 нови правни субјекти.

