Close Menu
Press24
    Најново

    Антонијо Милошоски на „Ѕидот на срамот“ на МЗД: Евроинтеграција само декларативно

    29.11.2026 во 11:40

    Грција под метеоролошка тревога: Обилни дождови, грмежи и опасни ветрови

    29.11.2026 во 11:29

    Камион се излизга на патот кај Свети Николе – сообраќајот во прекин

    29.11.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Антонијо Милошоски на „Ѕидот на срамот“ на МЗД: Евроинтеграција само декларативно
    • Грција под метеоролошка тревога: Обилни дождови, грмежи и опасни ветрови
    • Камион се излизга на патот кај Свети Николе – сообраќајот во прекин
    • ЛДП избира претседател
    • Студено утро низ Македонија: На Попова Шапка измерени минус 6 степени, снежна покривка до 28 сантиметри
    • Левица утре повторно ќе поднесе закон за зголемување на студентскиот оброк: Студентите се оштетени за околу 400 милиони денари
    • Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст – студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година
    • „Македонија пат“: Сите екипи се на терен, патиштата се чистат континуирано
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Антонијо Милошоски на „Ѕидот на срамот“ на МЗД: Евроинтеграција само декларативно

    Антонијо Милошоски на „Ѕидот на срамот“ на МЗД: Евроинтеграција само декларативно

    29.11.2026 во 11:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Мрежата за заштита од дискриминација продолжува со иницијативата „Ѕидот на срамот“, преку која упатува јавни прашања до претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски.

    Од Мрежата посочуваат дека европската интеграција не подразбира само декларативни заложби, туку и конкретни активности за унапредување на родовата еднаквост, заштита на човековите права и ефикасно справување со родово базираното насилство.

    Во соопштението се повикуваат на извештајот на Европската комисија за 2026 година, во кој, како што наведуваат, антиродовите наративи се посочени како една од причините за системските пропусти во справувањето со родово базираното насилство.

    Оттука, Мрежата упатува прашање до Милошоски како се усогласуваат заложбите за европска интеграција со давањето политичка тежина на актерите чии наративи, според оценките на Европската комисија, претставуваат проблем.

    Дополнително, од него бараат да го соопшти својот став за предложените законски измени за заштита на жените од насилство, како и да посочи кои конкретни чекори ќе ги преземе за нивно усвојување.

    „Европските вредности се докажуваат со политички одлуки и конкретни постапки. Бараме јавни одговори и политичка одговорност!“, порачуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

    Прочитај повеќе

    Камион се излизга на патот кај Свети Николе – сообраќајот во прекин

    29.11.2026 во 11:19

    ЛДП избира претседател

    29.11.2026 во 11:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.