Студено утро осамна низ земјава, а најниска температура од минус шест степени е измерена на Попова Шапка. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минус пет степени се измерени во Маврови Анови, минус три во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе, а минус два степени во Берово.
Температура од минус еден степен е регистрирана во Тетово и Куманово, додека нула степени се измерени во Скопје, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија. Во Штип се измерени еден степен, во Струмица два, а најтопло било во Гевгелија, со три степени.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава, најмногу дожд и снег се регистрирани во Пожаране, со 42 литри на квадратен метар. Во Демир Капија наврнале 35 литри, а во Струмица и Маврови Анови по 34 литри на квадратен метар.
Значителни врнежи се измерени и на Попова Шапка (33 литри), во Претор (31), Битола (30), Берово (27), Крушево (25) и Гевгелија (24 литри на квадратен метар).
Највисока снежна покривка е регистрирана во Маврови Анови, каде што има 28 сантиметри снег, додека во Крушево се измерени 27 сантиметри. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 18 сантиметри, во Лазарополе 15, а во Тетово 10 сантиметри.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места, особено долж Повардарието, од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од минус еден до пет степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од снег, кои се очекува да престанат во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до два степена

