Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случила на обиколницата „Мајка Тереза“ во Скопје, по клучката Радишани, во правец кон Тетово.
Според МВР, несреќата била пријавена во 19:10 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „опел“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистарски ознаки.
Повредените со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во здравствени установи за укажување лекарска помош.
Засега нема информации за тежината на нивните повреди.
Полицијата презема мерки за утврдување на причините за несреќата, а сообраќајот кон Тетово се пренасочува кај клучката Радишани.

