Жена од Гостивар со тешки телесни повреди, меѓу кои повреди на главата и градниот кош, како и видливи деформитети на лицето, вечерва била примена во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според информациите до кои дошол „Слободен печат“, жената била во исклучително тешка состојба по бројните удари што ги добила.
„Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа. Жената е од Гостивар“, изјавил за „Слободен печат“ доктор Дејан Здравковски, супспецијалист по трауматологија и општа хирургија и раководител на Ургентниот хируршки центар.
Засега нема дополнителни информации за околностите под кои настанале повредите, а медицинските испитувања на пациентката сè уште се во тек.
Полицијата е известена за случајот и разговара со повредената жена.

