Close Menu
Press24
    Најново

    Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив пристап во проширувањето на ЕУ

    27.11.2026 во 22:33

    Кражба на нафта во ЈСП: Внатрешната контрола ги затекнала вработените, повикана полиција

    27.11.2026 во 22:12

    По тешкото повредување на 15-годишен ученик, Франција ја суспендира употребата на шок-бомби

    27.11.2026 во 21:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив пристап во проширувањето на ЕУ
    • Кражба на нафта во ЈСП: Внатрешната контрола ги затекнала вработените, повикана полиција
    • По тешкото повредување на 15-годишен ученик, Франција ја суспендира употребата на шок-бомби
    • Со нож ѝ се заканил на жена пред кафетерија во Тетово и ѝ украл 4.000 денари
    • Снежна бура ја зафати Чешка: Над 600 интервенции, 100 повредени, несреќи и илјадници домаќинства без греење
    • Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда
    • Лукаревска: Недозволиво е Славески да го доведува во ризик банкарскиот систем, граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка
    • Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив пристап во проширувањето на ЕУ

    Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив пристап во проширувањето на ЕУ

    27.11.2026 во 22:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Целосното и навремено членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е значајно за безбедноста, стабилноста и економскиот развој на регионот, а процесот на пристапување треба повторно да се заснова врз објективни, предвидливи критериуми и постигнатите реформи. Тоа е посочено во заедничката декларација усвоена на денешниот состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони одржан во Охрид.

    Лидерите во заедничката изјава ја потврдија целосната поддршка за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, оценувајќи дека проширувањето носи придобивки и за Европската Унија и сè повеќе се препознава како геополитичка неопходност.

    Во документот се нагласува дека напредокот на секоја земја кандидат треба да се оценува според утврдените критериуми и нејзините поединечни постигнувања во спроведувањето на реформите. Притоа, се посочува дека обврските што произлегуваат од правото на ЕУ и меѓународните договори мора да се почитуваат и ефективно да се спроведуваат, особено во областа на владеењето на правото, а одлуките за натамошниот пристапен процес да се водат од овие начела и Копенхашките критериуми.

    Лидерите го истакнуваат и значењето на Планот за раст на ЕУ како инструмент за економска интеграција и поддршка на реформите, повикувајќи ги земјите кандидати целосно да ги искористат достапните средства.

    Посебен акцент е ставен на забрзувањето на инвестициите во одржлива транспортна, енергетска и дигитална инфраструктура, со цел подобро поврзување на регионот меѓу себе и со ЕУ. Во изјавата се наведува дека земјите од Западен Балкан не треба да се третираат како трети земји, туку како составен дел од европските инфраструктурни мрежи, економската интеграција и идниот развој.

    Во завршниот дел од заедничката изјава се посочува и потребата од поголемо вклучување на младите во Процесот Брдо-Бриони, како и поголемо внимание на прашањата што ги засегаат. Лидерите ја поздравуваат соработката меѓу директорите на агенциите за вработување и оценуваат дека таа има потенцијал за натамошно унапредување.

    Прочитај повеќе

    Кражба на нафта во ЈСП: Внатрешната контрола ги затекнала вработените, повикана полиција

    27.11.2026 во 22:12

    Со нож ѝ се заканил на жена пред кафетерија во Тетово и ѝ украл 4.000 денари

    27.11.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.