Close Menu
Press24
    Најново

    Викендов снег и во Скопје – од понеделник нагло заладување

    27.11.2026 во 10:41

    Град Скопје со важна вест пред празниците: Најавени награди за граѓаните

    27.11.2026 во 10:19

    Митева: Наместо аргументи и факти, политичкиот опонент шири лаги и невистини

    27.11.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Викендов снег и во Скопје – од понеделник нагло заладување
    • Град Скопје со важна вест пред празниците: Најавени награди за граѓаните
    • Митева: Наместо аргументи и факти, политичкиот опонент шири лаги и невистини
    • Над 160 технолошки лидери во Скопје: AI агентите ја менуваат иднината на бизнисот
    • Епидемија на салмонела во градинка во Власотинце: заразени 10 деца
    • Избега преку прозорец од станица: „Цуна” осуден на две ипол години затвор
    • Мицкоски најави проверки: 4.000 лица земале минимална помош без да ги исполнуваат условите
    • Обилни врнежи низ Македонија – УХМР информира каде наврна најмногу
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Викендов снег и во Скопје – од понеделник нагло заладување

    Викендов снег и во Скопје – од понеделник нагло заладување

    27.11.2026 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Снег и значително заладување се најавуваат за викендов во Скопје, а веќе од почетокот на следната недела се очекуваат и силни утрински мразови.

    По дождливиот петок и сабота, во недела, 29 ноември, се очекува нагло заладување, со дневна температура од само 3 степени и можност за врнежи од дожд и снег. Според прогнозата на УХМР, снег е поверојатен во повисоките делови на Скопската Котлина, додека во пониските делови се очекува претежно дожд.

    Од понеделник врнежите ќе престанат, но следува период на многу студено време. Во вторник и среда, на 1 и 2 декември, AccuWeather прогнозира минимални температури до минус 8 степени, додека дневните ќе се движат меѓу 1 и 2 степени. Студените утра ќе продолжат и во наредните денови, со температури од минус 4 до минус 6 степени.

    Ниските температури, особено по врнежите за викендот, создаваат услови за појава на голомразица и замрзнување на влажните коловози и тротоари. Посебно внимание ќе биде потребно на мостовите, надвозниците и засенетите делови од улиците.

    Иако за недела се најавуваат можни снежни врнежи, засега нема сигурни најави за формирање позначителна снежна покривка во Скопје.

    Според актуелната десетдневна прогноза, по 29 ноември следува претежно суво и стабилно време, со постепено зголемување на дневните температури кон крајот на следната недела. Во недела, 6 декември, се прогнозира максимална температура од околу 8 степени.

    Метеоролошките прогнози за почетокот на декември сè уште може да претрпат промени, особено во однос на интензитетот на врнежите и најниските температури.

    Прочитај повеќе

    Град Скопје со важна вест пред празниците: Најавени награди за граѓаните

    27.11.2026 во 10:19

    Митева: Наместо аргументи и факти, политичкиот опонент шири лаги и невистини

    27.11.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.