Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор

    26.11.2026 во 10:13

    Награди за долгогодишниот труд на вработените: Ѓорче Петров исплати над 2,4 милиони денари

    26.11.2026 во 10:11

    Над 200 милиони евра исплатени на штедачите на „Алта банка“, ангажирани и мобилни филијали

    26.11.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор
    • Награди за долгогодишниот труд на вработените: Ѓорче Петров исплати над 2,4 милиони денари
    • Над 200 милиони евра исплатени на штедачите на „Алта банка“, ангажирани и мобилни филијали
    • Апсење во Скопје: Шест лица со лисици на рацете
    • Снегот направи хаос во Словенија: Затворен автопат, камиони се лизгаат, несреќи на повеќе делници
    • Македонија окована во студ – УХМР ги измери утринските температури и издаде метео предупредување
    • Нови апсења во случајот „Алта банка“: Притвор за братот на Мацура
    • ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни средства за пензионерите во 2027
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор

    СДСМ: Илјадници културни работници може да останат без правата од Колективниот договор

    26.11.2026 во 10:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ обвинува дека илјадници вработени во културниот сектор се соочуваат со ризик да ги загубат правата загарантирани со Колективниот договор за култура, поради, како што наведуваат, недостиг на средства во Буџетот за негово спроведување.

    На денешната прес-конференција, Мирче Најдоски од Комисијата за култура на СДСМ предупреди дека евентуалното укинување на договорот би значело враќање на состојбите пред 2020 година и уназадување на работничките права.

    Од СДСМ отвораат прашање дали Владата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд, кој утре треба да расправа по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за култура.

    Од партијата сметаат дека работничките права не смеат да бидат загрозени и дека Уставниот суд мора да одлучува независно од политичките влијанија.

    Според СДСМ, Колективниот договор е резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог, со кој бил подобрен материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници.

    Наместо негово укинување, од партијата бараат целосно спроведување на договорот и гарантирање на стекнатите права. Доколку постојат правни недоречености, велат, Владата треба да понуди законски решенија со кои ќе се заштитат вработените.

    СДСМ порачува дека ги поддржува културните работници во нивните активности за заштита на работничките права и бара Колективниот договор за култура да остане во сила.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Награди за долгогодишниот труд на вработените: Ѓорче Петров исплати над 2,4 милиони денари

    26.11.2026 во 10:11

    Апсење во Скопје: Шест лица со лисици на рацете

    26.11.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.