Шестмина државјани на Турција биле приведени во Скопје поради нерегулиран престој во државата.
Како што информираат од МВР, полициски службеници ги привеле лицата на возраст од 22 до 25 години на 25 ноември, во периодот од 10 до 12 часот, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето било извршено во рамки на полициски активности за контрола на престојот на странски државјани.
Од полицијата велат дека по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

