Вкупно 786 возила биле контролирани, а кај возачите биле констатирани 373 сообраќајни прекршоци за време на вчерашната акциска контрола на Секторот за сообраќајни работи при МВР на територијата на целата држава.
Во рамки на контролата, спроведена во периодот од 08:00 до 13:00 часот, 53 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 14 била утврдена техничка неисправност, а во однос на возилата биле евидентирани 20 прекршоци.
Покрај 373-те прекршоци кај возачите, откриен е и еден случај на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик кај возач без возачка дозвола, како и 86 прекршоци од друг вид, при што за сите се преземени соодветни законски мерки.

