39-годишна жена од Куманово, која била барана со судска наредба за издржување затворска казна за измама, вчера била лишена од слобода.
Како што информираат од МВР, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле М.П.(39) во 23:45 часот.
Таа била барана за издржување казна затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
По приведувањето, жената била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

