Северна Македонија денеска ја очекува ведро и студено утро, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 6 степени.
Според најавите на метеоролозите, до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално се очекуваат и пообилни врнежи, кои за 24 часа може да надминат 30 литри на квадратен метар.
Поради продорот на постуден воздух во текот на викендот, дождот ќе преминува во снег, па на одредени места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

