Петмина скопјани и едно момче од Неготино се лишени од слобода во акција на скопската полиција, откако кај нив биле пронајдени марихуана и други сомнителни супстанции.
„Вчера и денеска во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(29), О.Д.(18), Е.Д.(37), В.М.(38), М.Г.(26) сите од Скопје, П.З.(19) од Неготино, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста портокалова материја и течност“, велат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

