Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива без забрани и застои и сите патни правци се проодни, додека намалена видливост поради магла од 50 до 60 метри има на патот од селото Лисец кон Попова Шапка, соопштија од ЈП „Македонијапат“.
На повисоките места во западниот дел од државата коловозите се влажни, а во останатите региони се претежно суви.
Од претпријатието предупредуваат на можна појава на поситни одрони на делниците што минуваат низ клисури и усеци и упатуваат апел до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

