Трагична вест пристигнува од Битола, каде што денеска е пронајден мртов 41-годишен маж од струшкото село Ново Село. Според информациите што ги објави „Струга Експрес“, повикувајќи се на полициски извори, мажот бил пронајден без знаци на живот во камионот во кој работел.
Првичните информации укажуваат на сомневање за само**иство, но точните околности под кои настапила смртта засега не се официјално утврдени.
Надлежните органи треба да ги расветлат сите детали за трагичниот настан.
Се очекуваат дополнителни информации по завршувањето на истрагата.

