Најмалку 490.000 руски војници загинале во војната против Украина до крајот на септември 2026 година, покажуваат протечени податоци од руската статистичка служба „Росстат“.
Според заедничката анализа на „Медуза“ и „Медиазона“, вистинскиот број на загинати би можел да надмине 720.000 поради доцнењето во регистрирањето на смртните случаи.
Истражувачите анализирале милиони записи, а автентичноста на податоците ја провериле преку судски одлуки, регистри на наследни случаи и други документи.
И други независни медиуми дошле до слични процени. „Инсајдер“ изброил најмалку 472.000 загинати, додека „Нова Газета Европа“ проценува дека бројката достигнала околу 490.000.
Анализата покажува и дека бројот на загинати руски војници значително растел од година во година, додека просечната возраст на загинатите се зголемила од 33 години во 2022 на 40 години во 2026 година.

