Хакер бара 70.000 евра за податоци што тврди дека ги украл од белградската компанија „Едепро“, која произведува ракетни мотори и ракетни системи. Според Н1, фирмата претрпела хакерски напад, а напаѓачот тврди дека пристапил до целата мрежа, вклучувајќи ги серверите со резервни копии.
Наводниот плен опфаќа производствена документација, инженерски спецификации, резултати од тестирања и планови за идни проекти. Компромитирани биле и деловна електронска преписка, финансиски документи и договори за доверливост.
Фабриката претходно беше во јавноста поради експлозии. Во несреќата во 2021 година загинаа тројца работници, а 16 беа повредени. Во друга експлозија, во 2023 година, немало повредени.

