На 22 ноември, по кратко боледување, на 63-годишна возраст почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски, во јавноста познат како Бошко Ремис.
Илоски е роден на 23 јануари 1963 година. Со години беше активен во градежниот сектор, каде се истакна преку својата компанија „Ремис“.

Покрај градежништвото, значаен дел од неговото деловно работење беше поврзан и со туризмот и угостителството. Семејниот бизнис на Илоски опфаќа хотелски и угостителски објекти, меѓу кои и познатиот хотелски комплекс „Инекс“.
Последното испраќање на Бошко Илоски ќе се одржи на 24 ноември (вторник), во 12:30 часот, на градските гробишта во Охрид.

