Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе се осврне на позицијата и напредокот на Македонија во Индексот на Обединетите нации за развој на е-влада за 2026 година.
На прес-конференцијата се очекува да бидат презентирани резултатите од најновото рангирање и постигнувањата на земјава во областа на дигитализацијата на јавните услуги.
Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација.

