Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија на европскиот пат денеска ќе биде тема на заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.
Извештајот за 2026 година, објавен на 4 ноември, ќе биде разгледан во рамки на парламентарната дебата за годишните оценки и препораки на Европската комисија.
Во документот се издвојуваат резултатите во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и постигнувањата во областа на дигиталната трансформација и науката.
Заедничката седница е закажана во собраниската сала „Голема купола“.

