Денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои поради навлегувањето на студена воздушна маса, на некои од повисоките места ќе преминуваат во дожд и снег, додека на планините ќе врне снег.
Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено и силен ветер, кој на моменти ќе надминува 70 km/h. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во опаѓање.

