Истурил две шишиња бензин низ семејниот дом, заканувајќи се дека ќе ги запали својата ќерка и внука. Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 54-годишниот кумановчанец кој вербалните закани ги претворил во конкретни дејствија за палење на куќата.
54-годишен кумановец, заканувајќи се дека живи ќе ги запали својата ќерка и внука.
-Согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација и постапување во предметите поврзани со семејно насилство, во конкретниот случај веќе се преземаат дејствија за обезбедување на доказите, особено имајќи предвид дека насилничкото однесување на осомничениот 54-годишник се повторува. Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење, се вели во соопштението од ОЈО Куманово.
Истражните органи биле загрижени што ова не е првпат куманоновецот во алхоколизирана состојба да прави хаос дома.
-Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката,туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот. По пријавата на настанот итно е изготвена проценка на ризик која укажува на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството. Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори до сега сторените дела, туку дека би можел да стори и потешко дело, односно да го стори делото со кое се заканува, велат од ОЈО.
Поради ваквите околности јавниот обвинител оценил дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга поблага мерка и предложи најстрога мерка за обезбедување присуство.

