СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на тетовско Теарце, осомничен за физички напад врз сопругата, нејзино избркување од домот и палење на нејзината лична карта.
Пријавата е поднесена против А.Ф.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Според информациите од полицијата, настанот се случил на 06.08.2026 година по претходна расправија.
Пријавениот физички ја нападнал сопругата, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта.

