Close Menu
Press24
    Најново

    Донација од 47.000 евра за болницата во Кочани, со новата опрема веќе се извршени три операции

    20.11.2026 во 17:20

    „Наставникот ги нападна нашите деца“ – родители пријавиле физички напад врз двајца ученици во Скопје

    20.11.2026 во 17:16

    „Сопругата ме нападна со остар предмет“ – 24-годишна жена приведена во Крива Паланка

    20.11.2026 во 17:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Донација од 47.000 евра за болницата во Кочани, со новата опрема веќе се извршени три операции
    • „Наставникот ги нападна нашите деца“ – родители пријавиле физички напад врз двајца ученици во Скопје
    • „Сопругата ме нападна со остар предмет“ – 24-годишна жена приведена во Крива Паланка
    • Паднаа тројца полицајци – тепале малолетник со палка и тврд предмет
    • „Порше“ со бугарски таблички запрено на патот Градско–Прилеп, кај возачот пронашле марихуана
    • Сопругот ме нападна, 68-годишник приведен во Гостивар
    • Дошла на посета кај брат ѝ во Идризово, па ја фатиле со марихуана
    • Двојка од Германија по две и пол години ја подигнале добивката од 250.000 евра на лотарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Донација од 47.000 евра за болницата во Кочани, со новата опрема веќе се извршени три операции

    Донација од 47.000 евра за болницата во Кочани, со новата опрема веќе се извршени три операции

    20.11.2026 во 17:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница во Кочани, по повод донацијата на „Polish Aid“, реализирана преку Амбасадата на Република Полска.

    Станува збор за медицинска опрема наменета за оперативната сала, во вкупна вредност од 47 илјади евра, како што се: најсовремен операционен стол, компатибилен хистероскоп, операционо светло и друга хируршка опрема.

    Од болницата информираат дека благодарение на новата опрема, во текот на вчерашниот ден биле извршени три операции.

    Покрај ова, во ОБ Кочани се реализираат и други активности за унапредување на здравствената инфраструктура и услугите. Набавен е нов дигитален рендген-апарат, чија инсталација се очекува во наредниот период, а за одделот за физикална терапија е обезбедена современа медицинска опрема.

    Исто така, на гинеколошко-акушерскиот оддел, со новите гинеколози е забележан значаен пораст на бројот на породувања. Дополнително, службата за итна медицинска помош е зајакната со две нови амбулантни возила.

    -Модернизацијата на ОБ Кочани ќе ја анализираме заедно со Клиничката болница Штип. Источниот регион треба да се планира како целина – што се развива во Кочани, што во Штип и како двете болници меѓусебно се надополнуваат, наместо да се планира болница по болница, истакна министерот Клековски.

    Министерот изрази благодарност до „Polish Aid“ и Амбасадата на Република Полска за поддршката, како и до Општина Кочани и целиот тим на Општата болница Кочани за нивната посветеност и ангажман во унапредувањето на здравствената заштита.

    Прочитај повеќе

    Просечната нето-плата во септември 49.141 денар

    20.11.2026 во 14:54

    Николоски: Ќе се реконструира регионалниот пат Струмица -Валандово

    20.11.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.