Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера попладне лишија од слобода 37-годишен жител на Скопје откако кај него била пронајдена марихуана при контрола на експресниот пат Градско–Прилеп.
Според полициските податоци, на 19.11.2026 во 15:15 часот бил лишен од слобода Д.М.Б (37) од Скопје.
На експресен пат Градско-Прилеп било сопрено патничко возило „порше” со бугарски национални ознаки, управувано од Д.М.Б (37), а при извршениот преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

