Германската државна лотарија, соопшти денеска дека брачна двојка од германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт, дури по две и пол години ја подигнале добивката од 250.000 евра.
Според информациите на германскиот весник „Билд“, по неуспешните обиди за контактирање, била почната јавна потрага по добитниците кои, во април 2024 година играле анонимно и без картичка за лојалност.
„Добитното ливче стоеше на полица во нашата канцеларија во Витенберг, сè додека не дојдоа да проверат дали добиле неква награда“, соопшија од Државната лотарија на Германија.
Според портпаролката на лотаријата, Астрид Веслер, на добитниците им било потребно време да ги средат впечатоците од неочекуваната добивка.
– Не можеа да веруваат кога им соопштивме дека освоиле голема сума пари. Беа шокирани и им требаше време да се соземат по веста, изјавила Веслер, нагласувајќи дека сите важни податоци на ливчето се сè читливи и покрај долгиот временски период.
Иако рокот за подигнување на добивката важел до крајот на 2027 година, парите веднаш им биле префрлени на банкарска сметка.

