Close Menu
Press24
    Најново

    Еуроњуз: Унгарија го повлекува ветото за Украина

    20.11.2026 во 10:28

    Масовен руски напад врз Киев: Тројца загинати и 15 повредени

    20.11.2026 во 10:08

    Завршил со лисици на рацете – Двојно откритие при акција на МВР

    20.11.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Еуроњуз: Унгарија го повлекува ветото за Украина
    • Масовен руски напад врз Киев: Тројца загинати и 15 повредени
    • Завршил со лисици на рацете – Двојно откритие при акција на МВР
    • Станбената криза ја тресе Европа – ЕУ бара решение
    • Петок носи изненадувања: Еден знак го очекува љубовен пресврт, друг многу пари
    • ФОТО: Реконструирано игралиштето зад Универзална сала, најмалите добија нов простор за забава
    • Хорор во Скопје: Синот и го запалил автомобилот па се заканувал дека ќе го запали и станот
    • Следната година почнува со споен викенд – На овие датуми ќе одмориме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Еуроњуз: Унгарија го повлекува ветото за Украина

    Еуроњуз: Унгарија го повлекува ветото за Украина

    20.11.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унгарија денеска треба да го повлече ветото за отворање на последните 2 преговарачки кластера на Украина со Европската Унија, со што ќе се отстрани пречката што со години го забавуваше пристапниот процес на Киев.

    Два дипломатски извора потврдиле за „Еуроњуз“ дека Будимпешта ќе ја соопшти одлуката на денешниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

    Потегот ќе го одблокира и пристапниот процес на Молдавија, кој досега напредуваше во пакет со украинскиот.

    Промената доаѓа по заминувањето од власт на Виктор Орбан, кој 16 години ја предводеше Унгарија. Неговиот наследник, премиерот Петер Маѓар, постепено ги подобрува односите со Киев.

    Украина веќе отвори 4 преговарачки кластери, првиот во јуни, вториот во јули и уште 2 во октомври. Со повлекувањето на ветото ќе се создадат услови за отворање и на преостанатите 2.

    Меѓу најчувствителните прашања во следната фаза се земјоделството и животната средина. Особено спорен е пристапот на украинските земјоделски производи до европскиот пазар, на што се противат одредени земји членки.

    Минатиот месец Киев и Будимпешта постигнаа договор за правата на унгарското малцинство во западна Украина. Договорените мерки потоа беа усвоени од украинскиот парламент, со што беше отстранета уште една пречка во билатералните односи.

    Маѓар и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одржаа првата билатерална средба на 16 октомври во Брисел, на маргините на самитот на Европскиот совет.

    Отворањето на сите кластери, сепак, не значи и завршување на пристапните преговори. Во понатамошниот процес земјите членки имаат повеќе од 100 можности да го блокираат напредокот на кандидатите.

    Прочитај повеќе

    Масовен руски напад врз Киев: Тројца загинати и 15 повредени

    20.11.2026 во 10:08

    Станбената криза ја тресе Европа – ЕУ бара решение

    20.11.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.