Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев, при што со балистички ракети беа погодени три моста над реката Днепар. Загинале најмалку три лица, а 15 се повредени, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
На удар биле мостовите Подилско-Воскресенски, Дарницки и Јужниот мост, кои се затворени или имаат ограничен сообраќај. Оштетена е и критична инфраструктура, а нападот предизвикал дополнителни проблеми во транспортот низ украинската престолнина.
Нападот следува по заканите на рускиот претседател Владимир Путин за одмазда по украинските удари врз Кримскиот мост. Во нападите врз Лвов загинале уште две лица, додека четири лица биле повредени во Харков.

