Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР информира каде било „потоп”

    20.11.2026 во 08:45

    МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет”

    20.11.2026 во 08:34

    Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО

    20.11.2026 во 08:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР информира каде било „потоп”
    • МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет”
    • Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО
    • УНИЦЕФ и Македонската берза обединуваат сили за подобра иднина на децата
    • Ќе снема вода во 09:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • Ден за молитва, мир и добри дела: Се празнуваат Светите 33 маченици
    • Светските берзи го диктираат темпото: Раст на цената на нафтата пред новата одлука на РКЕ
    • Драма во Скопје: Чичко си ја нападнал внуката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР информира каде било „потоп”

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР информира каде било „потоп”

    20.11.2026 во 08:452 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде во 8:30 часот биле регистрирани 6 степени, додека најтопло било во Скопје, со измерени 16 степени на Зајчев Рид и во Петровец, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

    Меѓу постудените места се и Маврови Анови со 7 степени, како и Крушево и Лазарополе со 8 степени. Во Крива Паланка биле измерени 9 степени, во Берово 10, а во Претор 11 степени.

    Температура од 12 степени е регистрирана во Охрид, Виница и Струмица, додека во Прилеп, Штип и Гевгелија биле измерени 13 степени. Во Тетово, Велес, Кавадарци и Демир Капија температурата изнесувала 14 степени, а во Битола 15 степени.

    Кога станува збор за врнежите во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнал во Лазарополе, каде се измерени 24 литри на квадратен метар. Следуваат Попова Шапка со 13 литри, Крушево со 11 и Пожаране со 9 литри на квадратен метар.

    Во Прилеп се измерени 8 литри на квадратен метар, во Охрид и Претор по 7, а во Берово и Тополчани по 6 литри. Помали количества врнежи се регистрирани во Виница, Штип, Демир Капија, Струмица, Тетово, Крива Паланка, Велес и Гевгелија.

    За денеска метеоролозите најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат позастапени во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој повремено ќе достигнува брзина над 70 километри на час.

    Дневната температура ќе се движи од 18 до 24 степени.

    Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува во делови од котлината, а максималната температура ќе достигне 23 степени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет”

    20.11.2026 во 08:34

    Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО

    20.11.2026 во 08:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.