Close Menu
Press24
    Најново

    Искачувањето по 50 скали на ден благотворно за срцето

    19.11.2026 во 23:28

    Трамп е отворен за идејата за безбедносни гаранции за Украина, изјави Џаред Кушнер

    19.11.2026 во 22:55

    (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење

    19.11.2026 во 22:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Искачувањето по 50 скали на ден благотворно за срцето
    • Трамп е отворен за идејата за безбедносни гаранции за Украина, изјави Џаред Кушнер
    • (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење
    • Вработен во пошта пријавил закани на работното место
    • Николоски – Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД
    • Доаѓа силен ветер: Затворете ги прозорците и препаркирајте ги колите
    • Поради силен ветер: На неколку патни правци паднати дрва и семафор
    • Од Ибица до Вајс Сити: GTA VI ги собра Solomun, Black Coffee, Michael Bibi и Justice
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Искачувањето по 50 скали на ден благотворно за срцето

    Искачувањето по 50 скали на ден благотворно за срцето

    19.11.2026 во 23:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Качувањето по повеќе од пет ката скали дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 20 насто, според истражување на Универзитетот на Тулејн во коешто учествувале речиси 460.000 возрасни лица.

    Истражувачи од американскиот Универзитет анализирале податоци за 458.860 возрасни лица – на возраст од 38 до 73 години, преземени од базата на податоци „УК биобанк“ (UK Biobank). На почетокот на испитувањата, како и пет години подоцна, учесниците одговарале на прашања за нивните навики поврзани со качување по скали и за нивниот општ начин на живот; потоа, истражувачите ги следеле во просек 12,5 години. Резултатите, објавени во списанието „Атеросклеросис“ (Atherosclerosis), покажаа дека кај поединците кои секојдневно се качувале по повеќе од пет ката скали – што изнесува приближно 50 скалила, имало до 20 отсто помал ризик од атеросклеротични кардиоваскуларни болести (коишто ги вклучуваат коронарната болест на срцето и мозочниот удар). За потребите на студијата, истражувачите дефинирале еден кат скали како низа од 10 скалила.

    Придобивки за луѓето со поголем ризик

    Испитаниците биле исто така категоризирани врз основа на нивната подложност на срцеви заболувања, земајќи ги предвид факторите како што се семејната историја, генетиката, високиот крвен притисок и пушењето. Според авторот на студијата, Лу Чи – професор на Универзитетот, секојдневното качување по скали може ефикасно да го компензира зголемената опасност кај поранливите поединци.

    – Краткотрајното, енергично качување по скали е начин да се подобри кондицијата на срцето и белите дробови, како и нивото на липиди во крвта, за релативно кусо време – особено за оние на кои им е тешко да го постигнат препорачаното ниво на физичка активност, изјави Чи.

    До слични заклучоци дошле и истражувачи од Универзитетот на Источна Англија во проучување претставено на конгресот на Европското здружение за кардиологија. Анализата опфатила девет студии со приближно 480.000 учесници на возраст од 35 до 84 години. Според наводите, луѓето кои редовно се качувале по скали имале 24 насто помал ризик од смрт од која било причина и 39 отсто помала опасност од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести.

    – Ако имате избор помеѓу скали и лифт, одберете ги скалите – тоа ќе му користи на вашето срце… Резултатите укажуваат оти придобивките се зголемуваат со бројот на искачени скали, иако тоа допрва треба да се потврди, нагласи Софи Падок.

    И двете истражувања се набљудувачки, што значи дека покажуваат поврзаност меѓу качувањето по скали и здравјето на срцето, но не докажуваат дека качувањето по скали е директна причина за подобрено здравје на срцето.

    Ченг-Хан Чен, медицински директор на Програмата за структурни срцеви заболувања во Медицинскиот центар „Седлбек“ (Saddleback Medical Center) во Калифорнија – кој не учествувал во истражувањето, за „Медикал њуз тудеј“ (Medical News Today) истакна дека, иако за лицата со проблеми со зглобовите користењето скали може да биде тешко, секое движење сепак е подобро отколку воопшто никакво движење.

    Прочитај повеќе

    Од Ибица до Вајс Сити: GTA VI ги собра Solomun, Black Coffee, Michael Bibi и Justice

    19.11.2026 во 21:10

    Овие 3 хороскопски знаци се најдобри мајки: Нивната љубов е безусловна, децата им се на прво место

    19.11.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.