Четириесет и четиригодишниот И.Б. вчера во 17:00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 15:00 часот му биле упатени закани на работното место во објект на пошта на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров.
Според пријавата, заканите ги упатило едно женско лице додека пријавителот бил на своето работно место.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

