Случај на врсничко насилство е пријавен во Кавадарци, откако мајка пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, при што едната ја држела, а другата ја горела со цигара.
Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил на 16 ноември на улицата „Сремски фронт“ во Кавадарци, објави 4news.mk.
Мајката го пријавила настанот два дена подоцна, на 18 ноември во 22:30 часот, во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.
За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

