Close Menu
Press24
    Најново

    Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени – Ова е состојбата низ градовите

    19.11.2026 во 08:55

    Пад на цената на нафтата

    19.11.2026 во 08:44

    Денес е голем црковен празник: Кој бил Свети Павле Исповедник и кои се верувањата?

    19.11.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени – Ова е состојбата низ градовите
    • Пад на цената на нафтата
    • Денес е голем црковен празник: Кој бил Свети Павле Исповедник и кои се верувањата?
    • УХМР објави прогноза со предупредување за цела Македонија – За кои делови важи нивото на опасност
    • Од рано наутро без вода – Исклучувања во дел од Скопје
    • Кристоф Камп доаѓа во Собранието: На маса односите меѓу заедниците
    • Нов ден, нова дебата за државната каса: Власта и опозицијата со спротивставени ставови
    • Ќе нема струја од 8 до 15 часот – Исклучувања во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени – Ова е состојбата низ градовите

    Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени – Ова е состојбата низ градовите

    19.11.2026 во 08:552 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово најниска температура е измерена во Берово, каде термометрите покажуваат 4 степени Целзиусови.

    Најтопло утрово е во Битола со измерени 16 степени, додека во Скопје температурата изнесува 11 степени.

    Температурните разлики покажуваат дека утрото во земјава започнува со посвежо време во источните и повисоките предели, додека во некои градови температурите се значително повисоки.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во западните делови се очекуваат пообилни врнежи, над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува и над 80 километри на час.

    УХМР

    Минималните температури ќе се движат од 6 до 11 степени, а максималните од 18 до 22 степени.

    Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постои можност за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.

    Според прогнозата на УХМР, променливото облачно време со повремени локални врнежи ќе продолжи и во наредните денови. Под влијание на јужно воздушно струење, до крајот на седмицата ќе се задржи релативно топло време, со температури над просекот за овој период од годината. Во западните делови повремено ќе дува силен југозападен ветер со брзина над 80 километри на час.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Пад на цената на нафтата

    19.11.2026 во 08:44

    Денес е голем црковен празник: Кој бил Свети Павле Исповедник и кои се верувањата?

    19.11.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.